Француската министеркa за култура, Рашида Дати, потврди дека денеска се случил грабеж во музејот Лувр во Париз, еден од најпознатите музеи во светот.
Инцидентот се случил утрово, при отворањето на музејот. Засега нема информации што точно е украдено, ниту пак кој е вмешан во случајот. Министерството потврди дека нема повредени, а истрагата е во тек.
Во соопштението од Лувр се наведува дека музејот денеска ќе остане затворен поради „исклучителни околности“. Полицијата и надлежните служби истражуваат што се случило, а мерките за безбедност во музејот се засилени.
Овој настан предизвика големо внимание во јавноста, со оглед на тоа дека Лувр претставува една од клучните светски културни институции.