УТРО.мк

Галеб го проби кокпитот на „Еврофајтер“ од 85 милиони евра – моментот фатен на неверојатна фотографија

Галеб го проби кокпитот на „Еврофајтер“ од 85 милиони евра – моментот фатен на неверојатна фотографија
Vero

Фасцинантен, но застрашувачки момент е забележан на фотографија што го обиколи светот – галеб директно удри во шпански борбен авион „Еврофајтер“, при што го скрши стаклото на кабината за пилотот. Инцидентот се случил за време на демонстрација на борбени вештини на авионот во воздушната база Сан Хавиер во Шпанија, на 15 јуни.

Авионот, вреден речиси 85 милиони евра, бил во маневар кога птицата го погодила со огромна сила. Иако изгледа незамисливо, пилотот успеал безбедно да слета и поминал без повреди, додека галебот, очекувано, не ја преживеал средбата.

Фотографот Хавиер Алонсо де Медина Салгверо случајно го фатил моментот на сударот со фотоапаратот. Вистинската драма ја сфатил дури подоцна, при прегледување на сликите.

„Преку радио јавија дека има удар со галеб и дека стаклото на кокпитот е скршено. Кога ги отворив фотографиите – не можев да поверувам. Го имав фатено моментот на ударот“, изјави тој за The Telegraph.

Сударите меѓу птици и авиони се честа појава, особено кај воени и комерцијални летови. Само во САД се пријавуваат околу 13.000 вакви инциденти годишно. Но, ситуација во која птица ќе пробие кокпит, а тоа ќе биде фотографирано токму во моментот на ударот – е речиси неверојатна.

Оваа случка уште еднаш потсетува на ризиците од „судари со птици“ во воздухопловството, и покрај напредната технологија и безбедносните протоколи што ги користат модерните летала.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран