УТРО.мк

Франција го предупреди Израел: Анексијата на Западниот Брег е „црвената линија“

Франција го предупреди Израел: Анексијата на Западниот Брег е „црвената линија“
Vero

Франција го предупреди Израел дека евентуалната анексија на Западниот Брег, најавена како одговор на признавањето на палестинска држава, би претставувала „јасна црвена линија“ и грубо кршење на резолуциите на ОН.

На Генералното собрание на ОН во Њујорк, десет земји – меѓу нив Франција, Обединетото Кралство, Канада, Белгија и Португалија – ќе го објават признавањето на Палестина, најави кабинетот на Макрон. Три четвртини од членките на ОН веќе ја признаваат државата што палестинското раководство ја прогласи во 1988 година.

Израел жестоко се спротивставува, тврдејќи дека таквиот чекор го наградува Хамас. Сепак, Елисејската палата нагласува дека целта е зачувување на решението со две држави и стабилност на регионот.

Макрон потврди дека разговарал со претседателот Махмуд Абас, кој ветил реформи во Палестинската самоуправа, а Франција ќе продолжи да го поддржува овој процес.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран