Финска воведе забрана за користење електрични тротинети од страна на деца под 15 години, а компаниите што нудат услуги за изнајмување отсега ќе мора да добијат општинска лиценца, пренесува Ројтерс.
Новото законодавство, донесено минатиот месец, е дел од пошироките европски напори за заострување на правилата за таканаречената микромобилност.
Слични мерки веќе беа преземени во други земји: Италија воведе задолжителни кациги и осигурување, додека Париз и Мадрид целосно ги забранија услугите за изнајмување електрични тротинети.
„Оваа ситуација излезе од контрола и мора да се стави во ред. Целта е безбедно и одговорно користење на скутерите, со што ќе се спасат животи“, изјави финската министерка за транспорт и комуникации, Лулу Ране.