УТРО.мк

Филипините под удар на бурата „Феншен“ – десетици илјади луѓе евакуирани, ветрот достигнува 90 км/ч

Филипините под удар на бурата „Феншен“ – десетици илјади луѓе евакуирани, ветрот достигнува 90 км/ч
Vero

Десетици илјади жители на Филипините денеска се евакуирани од своите домови долж брегот на Пацификот, поради опасност од поплави и свлечишта што ги предизвикува тропската бура „Феншен“, соопштија светските агенции.

Бурата попладнево го погоди југоисточниот дел на главниот остров Лузон, во околината на општината Губат, носејќи ветрови со брзина до 80 километри на час и обилни врнежи од дожд.

Иако засега нема извештаи за сериозни штети или човечки жртви, властите предупредуваат дека ситуацијата може да се влоши во текот на ноќта.
„Имаше силен дожд и налети на ветер, но за среќа не беа толку разорни како што се очекуваше,“ изјави спасувачот Рајан Естреладо од Губат.

Според државната метеоролошка служба, „Феншен“ вечерва ќе мине во близина на островот Катандуанес, со население од околу 270.000 жители, при што се очекува ветровите да достигнат и до 90 километри на час. Се прогнозира дека бурата дополнително ќе се засили пред повторно да го погоди копното во централниот дел на Лузон.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран