УТРО.мк

Експлозија во Сочи: Украински дронови предизвикаа голем пожар во нафтено складиште!

Експлозија во Сочи: Украински дронови предизвикаа голем пожар во нафтено складиште!
Vero

Повеќе од 120 пожарникари интервенираа за гаснење на пожар во нафтено складиште во рускиот град Сочи, кој, според регионалниот гувернер Венијамин Кондратјев, бил предизвикан од украински напад со дронови.

Пожарот избувнал во окрузите на Краснојарскиот крај, каде што се запалил резервоар со капацитет од 2.000 кубни метри, објави новинската агенција РИА повикувајќи се на информации од итните служби.

Поради безбедносни причини, руската служба за цивилно воздухопловство „Росавијација“ објави дека сите летови на аеродромот во Сочи се привремено суспендирани.

Инцидентот се случил во округот Адлер, и според Кондратјев, претставува уште еден од серијата напади на украинските сили врз руска инфраструктура која Киев ја смета за стратешки важна во војната против Москва.

Минатиот месец, во истата област, една жена го загуби животот во украински напад со дронови. Иако Сочи – домаќин на Зимските олимписки игри во 2014 година – досега не беше честа мета во војната која започна во февруари 2022 година, украинските напади на југот на Русија, особено на нафтените постројки како рафинеријата „Илски“ во близина на Краснодар, станаа почести.

Во меѓувреме, и гувернерот на Вороњешката област објави дека жена е повредена во уште еден украински дронски напад, кој, исто така, предизвикал неколку пожари. Истовремено, Русија извршила нов ракетен напад врз главниот град на Украина – Киев.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран