Во Доха денеска се слушнале експлозии, откако Иран лансирал ракети кон американската воена база Ал-Удаид во Катар и кон локација во Ирак. Ова е одговор на неодамнешните американски напади врз ирански нуклеарни објекти, пренесуваат светските агенции.
Американската база во Катар, Ал-Удаид, е најголемата воена база на САД на Блискиот Исток и центар за воздушни операции во регионот. Во неа ротациски служи и британски воен персонал. Според Стејт департментот, во регионот живеат речиси 8.000 американски државјани.
Овој напад дополнително ја зголемува напнатоста меѓу Вашингтон и Техеран, кои веќе се во сериозна конфронтација поради нуклеарната програма на Иран и присуството на американски сили во регионот. Претставници на двете страни засега не соопштија повеќе детали за евентуални жртви или штети.
Состојбата останува сериозна и се следи со загриженост од меѓународната заедница.