УТРО.мк

Џонсон: Британија ја губи волјата за Украина, тоа е длабоко разочарувачки

Џонсон: Британија ја губи волјата за Украина, тоа е длабоко разочарувачки
Vero

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон изрази длабока загриженост поради, како што вели, опаѓачката волја во Обединетото Кралство да ѝ се помогне на Украина во борбата против руската агресија. Во интервју за „Телеграф“, одржано во украинската амбасада во Лондон, Џонсон изјави дека „интересот и волјата за Украина денес се многу ниски“ и додаде: „Тоа ми е навистина жалосно“.

Според него, вниманието на актуелната влада на премиерот Кир Стармер е насочено кон домашни прашања. „Јасно е зошто нивниот фокус е поделен – имаат многу тешки внатрешни предизвици“, рече Џонсон.

Поддршката на британската јавност за помош на Киев забележително опаднала. Додека анкетата на YouGov од февруари 2023 година покажа дека три четвртини од испитаниците сметале дека Британија не дава доволно поддршка на Украина, истражување на Ipsos од оваа година открива дека само половина од Британците ја поддржуваат моменталната политика, а секој петти мисли дека Киев добива преголема помош.

Обединетото Кралство досега се има обврзано на 18,3 милијарди фунти помош за Украина, од кои 13 милијарди се воена помош. Лондон исто така интензивно ја турка идејата за распоредување „мировни“ сили во Украина во случај на примирје, преку таканаречената „коалиција на подготвените“.

Новата британска влада најави и отворање на постојана канцеларија во Париз, која ќе координира со Киев за обновата на украинските копнени сили и заштитата на украинското небо со борбени авиони во случај на прекин на непријателствата. Москва реагираше остро, предупредувајќи дека ќе ги третира сите сили на НАТО како непријателски – без разлика дали се во улога на мировници или не – доколку се појават на украинска територија.

Џонсон, кој поднесе оставка во 2022 година, не е нов играч во украинската драма. Според тогашниот главен украински преговарач Давид Арахамија, токму Џонсон ја спречил можноста за мировен договор во Истанбул, откако ја убедил Украина да се повлече од разговорите со Русија.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран