УТРО.мк

Дубаи празен по иранските напади – жителите бараат засолниште во подземни гаражи

Дубаи празен по иранските напади – жителите бараат засолниште во подземни гаражи
Vero

По нападите на Иран врз регионот, Дубаи, град познат по својата стабилност и безбедност, денес изгледа речиси пуст. Плажите, трговските центри, хотелите и автопатите кои обично врвеле со живот се тивки, а авионскиот сообраќај е минимален, јавува CNN.

Многу жители ја поминале ноќта од сабота на недела во подземни гаражи, обидувајќи се да ги заштитат децата од експлозиите. Некои им објаснувале дека се работи за рамазански огномет или традиционални топови за ифтар, за да ги смрат децата.

Ситуацијата потсетува на карантинот за Ковид-19, кога градот ненадејно замре. Училиштата повторно преминале на онлајн настава, а многу семејства останале дома. Дел од жителите се снабдувале со намирници од супермаркети, додека апликациите за достава забележале задоцнувања поради зголемената побарувачка.

Некои семејства се упатиле кон помирни делови на Обединетите Арапски Емирати, а други кон соседниот Оман, кој првично не бил погоден од нападите. Во некои хотели во Хати конференциските сали биле пренаменети во привремени засолништа за туристи и локални жители.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран