
Се зголемува бројот на македонски државјани кои се наоѓаат во загрозени подрачја на Блискиот Исток, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРНТ). Со сите лица се одржува постојан контакт, а се преземаат подготовителни активности за нивна евентуална безбедна евакуација.
Од Министерството апелираат до граѓаните доследно да ги почитуваат упатствата на локалните безбедносни органи и ги информираат дека преку дежурниот телефон и дипломатско-конзуларните претставништва можат да добијат целосна поддршка.
Поради ескалацијата на ситуацијата, вчера во Министерството беше формиран кризен штаб кој работи 24 часа дневно за обезбедување информации и помош на граѓаните.
За асистенција, граѓаните можат да контактираат:
СОС дежурен телефон (МНРНТ): 075/273-732 Амбасада на Република Северна Македонија во Доха: +974 50 173 111 Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби: +971 56 441 7532 Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив: +972 54 500 8566 / +972 54 967 0546























