УТРО.мк

Дали драстично ќе порасне цената на нафтата?

Дали драстично ќе порасне цената на нафтата?
Vero
nis petrol
nis petrol

Земјите членки на ОПЕК+ денес постигнаа согласност за умерено зголемување на производството на сурова нафта, во време на ескалација на конфликтите во Блискиот Исток и нападите врз Иран.

Според соопштението на групата, дневното производство ќе се зголеми за 206.000 барели, откако постепените зголемувања беа стопирани на почетокот на годинава. Во четвртиот квартал од 2025 година, ОПЕК веќе го зголеми производството за 137.000 барели дневно.

Иако конфликтот не е споменат во официјалното соопштение, ОПЕК ќе продолжи внимателно да го следи пазарот на нафта. Енергетските аналитичари предупредуваат дека ова зголемување може делумно да ја ублажи очекуваната зголемена цена на нафтата, но нема да ја стабилизира цената целосно.

„Се наоѓаме во период на висока неизвесност“, вели Ден Пикеринг, основач на „Пикеринг Енерџи Партнерс“. Тој додава дека цените најверојатно ќе покажат значителни осцилации во следните 72 часа и потенцијално би можеле да надминат 80 долари за барел доколку дојде до нарушување на снабдувањето.

Дополнителен фактор е Ормускиот Теснец, преку кој поминува околу 20% од светската нафта, а северниот брег контролира Иран. Иако транспортот не е целосно запрен, намалениот сообраќај, зголемените трошоци за осигурување и пренасочувањето на бродовите создаваат притисок врз цените.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран