УТРО.мк

Стравот од ескалација на Блискиот Исток ги турка цените на нафтата нагоре

Стравот од ескалација на Блискиот Исток ги турка цените на нафтата нагоре
Vero

Светските нафтени пазари влегуваат во неизвесна недела, со очекувања за силни ценовни осцилации како резултат на тензиите и нападите поврзани со конфликтот меѓу САД, Израел и Иран.

Иако берзите се затворени за викендот, аналитичарите предупредуваат дека следните денови би можеле да донесат нагли промени, во зависност од тоа дали конфликтот ќе влијае врз снабдувањето со нафта во регионот на Блискиот Исток.

Првичните прогнози, направени пред ескалацијата, укажуваа на краткорочен раст на цените кој би се стабилизирал доколку не биде погодена клучната инфраструктура – особено иранските цевководи и терминалите за извоз. Но, доколку дојде до прекин на транспортот, сценаријата стануваат многу посериозни.

Клучна точка на ризик останува Ормутски теснец, преку кој поминува околу 20 проценти од глобалната трговија со нафта. Секое нарушување на сообраќајот низ овој теснец би можело да предизвика сериозен скок на цените на светските пазари.

Нафтените извозници од регионот, како Саудиска Арабија, Ирак и Обединетите Арапски Емирати, најголемиот дел од својата нафта ја транспортираат токму преку овој поморски коридор.

Иако постојат информации дека иранските сили испратиле предупредувања до бродовите да не минуваат низ теснецот, ваквите наводи засега не се официјално потврдени. Дел од експертите сметаат дека Техеран нема интерес да го затвори овој правец, бидејќи тоа би го погодило и сопствениот извоз, кој изнесува околу 1,6 милиони барели дневно, најмногу кон Кина.

Во случај на прекин на иранските испораки, кинеските рафинерии би биле принудени да бараат алтернативни извори, што дополнително би го зголемило притисокот врз цените.

Според анализите на енергетските компании, дури и ограничен конфликт може да ја зголеми цената на нафтата за 5 до 10 долари по барел, главно поради пазарната неизвесност и стравот од поширока криза.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран