УТРО.мк

ВИДЕО – Ескалација на конфликтот: Напад врз Оман, погодено пристаништето Дукм

ВИДЕО – Ескалација на конфликтот: Напад врз Оман, погодено пристаништето Дукм
Vero

Тензиите на Блискиот Исток продолжуваат да се продлабочуваат, откако според извештаите, Иран извршил напад со беспилотни летала врз територијата на Оман.

Цел на нападот било пристаништето во Дукм, стратешки важна локација на оманскиот брег, каде се концентрирани значајни трговски и енергетски активности. Засега нема официјални информации за жртви или материјална штета, додека властите не излегоа со детална потврда за инцидентот.

Оман досега важеше за неутрален посредник во регионалните тензии и одигра значајна улога во дипломатските контакти меѓу САД и Иран. Нападот врз оваа земја дополнително ја усложнува безбедносната ситуација во регионот.

Според некои извори, ова е уште една во низата воени акции на Техеран, при што Оман се споменува како осма земја со муслиманско мнозинство погодена во текот на актуелната ескалација.

Аналитичарите предупредуваат дека ваквите случувања можат да доведат до проширување на конфликтот и да ја загрозат стабилноста на целиот регион, особено поради значењето на поморските патишта и енергетската инфраструктура во близина на Оман.

Видеото може да го погледнете тука

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран