УТРО.мк

Чешкиот претседател Павел: Соборувањето на руски авиони е легитимен одговор за нарушен простор на НАТО

Чешкиот претседател Павел: Соборувањето на руски авиони е легитимен одговор за нарушен простор на НАТО
Vero

Чешкиот претседател Петр Павел предупреди дека честите нарушувања на воздушниот простор на НАТО од страна на Русија сериозно ги зголемуваат тензиите во Европа и дека Алијансата мора да биде подготвена за соодветен одговор, вклучително и воена акција.

Во изјава за Чешката телевизија, Павел истакна дека попуштањето пред Москва не е опција и дека Русија ќе се однесува онака како што ќе ѝ дозволат НАТО-сојузниците.

„НАТО мора соодветно да одговори, вклучувајќи и воен одговор. Русија многу брзо ќе сфати дека направила грешка и ги преминала прифатливите граници. За жал, ова е балансирање на работ на конфликт, но попуштањето пред злото едноставно не е можно,“ рече Павел.

Тој нагласи дека соборувањето на авиони е легитимен одбранбен механизам. „Нарушувањето на воздушниот простор е причина за активирање на одбранбените механизми, а со тоа и соборување на таков авион. И никој, ниту од наша страна ниту од руската страна, не би го посакал тоа,“ додаде чешкиот претседател.

Повод за острите реакции е неодамнешниот инцидент кога три руски ловци МиГ-31 престојувале 12 минути во естонскиот воздушен простор, по што биле придружувани од НАТО авиони.

Естонија веднаш побара консултации со НАТО, повикувајќи се на член 4 од Северноатлантскиот договор, кој предвидува заеднички консултации кога една од земјите-членки смета дека нејзината територијална безбедност е загрозена.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран