УТРО.мк

Физички напади врз малолетници во Аеродром и Карпош

Физички напади врз малолетници во Аеродром и Карпош
Vero

Министерството за внатрешни работи регистрирало два посебни случаи на физички напади врз малолетници во Скопје.

Во првиот инцидент, на 21 септември 2025 година во 02:40 часот, 47-годишна жена од Скопје пријавила во СВР Скопје дека нејзиниот малолетен син бил нападнат од друг малолетник на детско игралиште во општина Аеродром. Настанот се случил вечерта на 20 септември околу 22:30 часот.

Во вториот случај, на 20 септември во 23:30 часот, 18-годишен скопјанец пријавил дека истиот ден околу 19:50 часот во општина Карпош, тој и неговата 15-годишна другарка биле физички нападнати од три лица, од кои едниот го познавал.

Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаи и идентификување на напаѓачите.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран