УТРО.мк

Тетовскиот регион без струја утре – еве кои села ќе бидат зафатени

Тетовскиот регион без струја утре – еве кои села ќе бидат зафатени
Vero

На 22 септември 2025 година, голем број тетовски села ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати во мрежата, информираат од електродистрибуција.

Прекините ќе започнат во 09:00 часот и ќе траат до попладневните часови, со различно времетраење по населено место.

Без струја ќе бидат селата: Камењане, Ларце, Чифлик, Желино, Бродец, Бозовце, Вешала, Вејце, Гoлема Речица, Теново и Боговиње.

Во повеќето од овие места прекинот е планиран до 14:00 или 14:30 часот, а во селата Бродец, Бозовце, Вешала и Вејце електричната енергија ќе биде вратена до 15:00 часот.

Од компанијата апелираат граѓаните да ги завршат потребните обврски навремено и да бидат внимателни со електричните уреди за време на рестартирањето на напојувањето.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран