УТРО.мк

Нетанјаху со остра реакција: „Нема да има палестинска држава“!

Нетанјаху со остра реакција: „Нема да има палестинска држава“!
Vero

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека нема да се формира палестинска држава, откако Велика Британија, Австралија и Канада денеска ја признаа Палестина. Тој ги обвини трите држави дека ја наградуваат Хамас по масакрот на 7 октомври 2023 година и потенцираше дека постоењето на Палестина би го загрозило опстанокот на Израел.

Нетанјаху ќе одржи говор пред Генералното собрание на Обединетите нации во петок и потоа ќе патува за Вашингтон за средба со американскиот претседател Доналд Трамп. Признавање на Палестина најавија и Белгија, Франција, Луксембург, Португалија, Малта, Нов Зеланд и Лихтенштајн.

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека со признавањето на Палестина, Велика Британија сака да ги оживее надежите за мир и решението со две држави, нагласувајќи дека хуманитарната криза во Газа достигнала „нови длабочини“ по засиленото бомбардирање и уништување.

Стармер му пишал на палестинскиот претседател Махмуд Абас за да ја потврди одлуката на Лондон, потсетувајќи дека Велика Британија во 1917 поддржала формирање дом за еврејскиот народ, но ветувала заштита на правата на нееврејските заедници, додека во 1922 Лигата на народите ѝ доделила на Британија мандат за управување со Палестина.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран