
Американскиот претседател Доналд Трамп разгледува можност за повлекување на дел од американските војници од Европа, поради зголемените тензии со сојузниците во НАТО, изјавил висок претставник од Белата куќа.
Според информациите, ваквиот можен потег произлегува од незадоволството на Вашингтон бидејќи некои земји-членки не ги поддржале американските напори за повторно отворање на Ормуски теснец за време на актуелниот конфликт меѓу САД и Иран. Дополнително, во позадина останува и неуспешниот обид на САД да го преземат Гренланд од Данска.
Иако сè уште нема официјална одлука, ниту пак е издадена наредба до Пентагон, внатрешните дискусии во администрацијата укажуваат на сериозни несогласувања меѓу САД и НАТО, кои се оценуваат како едни од најголемите од формирањето на Алијансата во 1949 година.
Во моментов, во Европа се распоредени повеќе од 80.000 американски војници, најмногу во Германија, Италија, Обединетото Кралство и Шпанија. Според извештаите, се разгледува и нивно евентуално прераспоредување во рамки на Европа, зависно од поддршката на поединечните земји кон американската политика во конфликтот со Иран.























