
Вчера во 15:40 часот во СВР Скопје, 34-годишна жена од скопско пријавила дека од декември 2025 година, во својство на директорка на основно училиште, добивала закани од лице со иницијали З.Р.
Како што се наведува во полицискиот билтен, според пријавителката, причина за заканите било тоа што при инспекција на Државниот просветен инспекторат било утврдено дека сопругата на пријавениот, вработена во истото училиште, приложила фалсификувана диплома.
Пријавителката истакнала и дека на 31 декември 2025 година, пред нејзиниот дом, било запалено нејзиното патничко возило.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.























