
Ноќеска во 02:13 часот во СВР Скопје С.К. пријавил дека во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром имало нарушување на јавниот ред и мир од страна на две лица.
Како што се наведува во полицискиот билтен, од страна на полициски службеници било излезено на местото на настанот, каде што пријавителот појаснил дека двајца мажи ја спречувале пејачката во локалот да работи, а едниот од нив кој се претставувал дека е од полиција, и физички ја нападнал.
Исто така, лицата упатувале закани и кон пријавителот.























