УТРО.мк

Берлин, Париз и Лондон бараат итни преговори со Иран

Берлин, Париз и Лондон бараат итни преговори со Иран
Vero

Германија, Франција и Велика Британија се подготвени веднаш да започнат разговори со Иран за неговата нуклеарна програма, со цел да се спречи натамошна ескалација на тензиите на Блискиот Исток, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул.

Во изјава за германскиот јавен радиодифузер АРД, Вадефул нагласи дека овие три европски сили се обидуваат да го стабилизираат регионот и да спречат натамошно насилство помеѓу Израел и Иран. Тој додаде дека Иран досега не ја искористил можноста за конструктивни дипломатски разговори, но изрази надеж дека понудата за итни преговори ќе биде прифатена.

„Му нудиме на Иран директни преговори за нуклеарната програма. Се надевам дека Техеран ќе ја прифати понудата. Тоа е предуслов за смирување на конфликтот и гаранција дека Иран нема да претставува закана за регионот, за Израел или за Европа“, изјави Вадефул, кој во моментов престојува на Блискиот Исток.

Тензиите меѓу Израел и Иран во последните недели се зголемија поради серија меѓусебни напади, а меѓународната заедница сè повеќе повикува на дипломатија и воздржаност.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран