Рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп бележи пораст по средбата со неговиот руски колега Владимир Путин, покажува анкета на американската агенција Insider Advantage.
Според резултатите, 54 проценти од испитаниците го одобруваат ефектот од неговата работа, додека 44 проценти имаат негативно мислење, а два проценти останале неодлучни.
Анкетата укажува дека Трамп е во водство кај сите возрасни групи, освен кај најстарите гласачи. Поддршката е особено зголемена меѓу Афроамериканците и Латиноамериканците, додека кај белите гласачи достигнала речиси рекордни 64 проценти.
„Гласачите под 65 години со огромно мнозинство го одобруваат неговото работење“, наведува агенцијата, додавајќи дека генерално поддршката за Трамп расте токму по средбата со Путин.
Истражувањето било спроведено во периодот од 15 до 17 август.