УТРО.мк

Американски сенатор: Нетанјаху го уби главниот нуклеарен преговарач на Иран

Американски сенатор: Нетанјаху го уби главниот нуклеарен преговарач на Иран
Vero

Американскиот сенатор Берни Сандерс остро го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, обвинувајќи го дека започнал војна со Иран со еднострани напади, го саботирал дипломатскиот процес и го убил главниот ирански нуклеарен преговарач Али Шамкани.

„Нетанјаху ја започна оваа војна со напад врз Иран. На тој начин ги саботираше преговорите меѓу САД и Иран за нуклеарните прашања,“ изјави Сандерс, повикувајќи ја американската администрација да остане надвор од конфликтот, ниту воено ниту финансиски.

„Соединетите Американски Држави не смеат да бидат вклучени во незаконската војна на Нетанјаху против Иран,“ предупреди сенаторот и најави дека ќе предложи закон со кој ќе се забрани користење на федерални средства за воени акции во или против Иран без јасна согласност од Конгресот, освен во случај на самоодбрана.

Сандерс истакна дека израелските напади го нарушуваат американскиот дипломатски напор и порача: „Не смееме да дозволиме Нетанјаху да не втурне во уште една војна.“

Тој е познат како еден од најголемите критичари на Нетанјаху и израелската политика, а порано повикуваше САД да ја прекинат воената помош за Израел и да го преиспитаат својот пристап кон Блискиот исток.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран