УТРО.мк

Африканки пристигнале во Русија надевајќи се на подобар живот, а ги пречекала ноќна мора: „Не искористија“

Африканки пристигнале во Русија надевајќи се на подобар живот, а ги пречекала ноќна мора: „Не искористија“
Vero

Дваесетгодишната Амината од Сиера Леоне со ентузијазам ја напушта својата татковина за да продолжи со „обука“ во Русија, во рамки на програмата „Алабуга Старт“. Програмата, промовирана како можност за добро платена кариера, се одвива во специјалната економска зона Алабуга во регионот Татарстан, каде што се обезбедени студентски домови и покриени патни трошоци. Но, реалноста за многу млади жени е сосема поинаква од ветувањата.

Според извештај на Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал, учесничките во програмата се најчесто ангажирани во физички напорна и слабо платена работа, главно во фабрики за склопување на евтини дронови во опасни услови. Дел од нив се изложени на токсични хемикалии, кои дури ни локалните работнички не ги поднесуваат.

Чинара, млада девојка од Нигерија, раскажала за „Дојче Веле“ дека ветените обуки за логистика, угостителство и технички занаети биле заменети со чистачки и мануелни работи во воено-индустрискиот комплекс. „Не ни кажаа што точно ќе работиме додека не стигнавме. Потоа не можевме да заминеме“, вели таа.

Фабриката во Алабуга е клучен центар за производство на дронови „Геран-2“, кои Русија ги користи во воените напади врз Украина. По руската инвазија во 2022, капацитетите на зоната се прошириле, а со недостиг на работна сила, почнал масовен прилив на млади луѓе од Глобалниот југ – особено од африканските држави.

Во 2024 година, според официјалните податоци на руската влада, во Русија пристигнале над 111.000 африкански работници – 50% повеќе од 2022. Меѓу нив најмногу имало Камерунец, Нигериец, но и девојки од Зимбабве, Гамбија и Буркина Фасо.

Многу семејства не можат да стапат во контакт со своите деца. Родители од Зимбабве за DW сведочат дека нивните ќерки се без можност да се вратат, без плата, со одземени пасоши и под постојан надзор. Во Боцвана, случајот предизвикал реакција од Интерпол, кој истражува дали програмата „Алабуга Старт“ е прикриена форма на трговија со луѓе.

И покрај ветувањата за образование и напредок, многу девојки завршуваат како евтина работна сила во фабрики што произведуваат оружје, во услови што меѓународните организации ги нарекуваат експлоататорски и опасни по живот.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран