
Незадоволството меѓу навивачите на Реал Мадрид достигнува нов врв по уште еден разочарувачки резултат во првенството. По ремито 1:1 против Реал Бетис, дел од фановите бурно реагираа и упатија навреди кон играчите при нивното заминување од стадионот.
Инцидентот се случил на стадионот „Ла Картуха“, каде што камерите на емисијата „Ел Чирингито де Хугонес“ го забележаа моментот кога револтираните навивачи гласно ги критикуваат фудбалерите. „Срам да ви е, покажете се!“ – биле дел од пораките упатени кон тимот.
Натпреварот имаше драматична завршница. Винисиус Жуниор го доведе Реал во водство во првото полувреме, но домаќините израмнија во самиот финиш преку Хектор Бељерин, кој погоди во 93-тата минута.
Со овој резултат, составот предводен од Алваро Арбелоа значително ги намали шансите во трката за титулата во Ла Лига. Барселона останува на врвот со предност од осум бода, а Реал има и натпревар повеќе.
Растечкото незадоволство кај навивачите е јасен сигнал дека притисокот врз тимот ќе продолжи да расте во завршницата од сезоната.
EXCLUSIVA@elchiringuitotvMadridistas INCREPAN a los JUGADORES del MADRID tras el EMPATE ante el Betis.“¡Qué poca vergüenza tenéis, dad la cara!”.pic.twitter.com/ADGevX2R5X— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv)April 24, 2026























