УТРО.мк

ХАОС ВО МИНХЕН: Навивачи на Баерн предизвикаа инцидент, УЕФА „удри“ казна од 90.000 евра

ХАОС ВО МИНХЕН: Навивачи на Баерн предизвикаа инцидент, УЕФА „удри“ казна од 90.000 евра
Vero

Баерн Минхен успеа да избегне построга санкција која можеше да вклучи и забрана за присуство на навивачи на „Алијанц Арена“ во полуфиналето на Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен, но сепак не помина без последици од УЕФА.

Европската фудбалска куќа го санкционираше германскиот гигант со вкупна казна од речиси 90.000 евра, поради серија инциденти кои се случија за време на драматичната победа над Реал Мадрид во четвртфиналниот реванш.

Натпреварот, кој заврши со победнички гол за 4-3 по продолженија, беше засенет од хаотични сцени на трибините. Во еуфоричниот финиш, дел од домашните навивачи ја прескокнаа оградата и се спуштија кон аут-линијата, создавајќи метеж во близина на теренот. Во тој налет на емоции беа нарушени и просторот резервиран за фоторепортерите, кои се најдоа притиснати зад рекламните паноа.

Според полициските извештаи, инцидентот резултирал со повреди кај четири лица — две жени и двајца мажи, сите новинари кои се нашле во непосредна близина на случувањата.

УЕФА реагираше со повеќекратни казни: 40.000 евра за навлегување на терен, 30.000 евра за истакнување „несоодветни транспаренти“, 14.000 евра за блокирање на пристапните патеки на трибините и дополнителни 5.625 евра за фрлање предмети.

Од редовите на Баерн, спортскиот директор Кристоф Фројнд по натпреварот упати извинување за настанатата ситуација, истовремено повикувајќи на разбирање за еуфоријата што ја следела драматичната завршница на дуелот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран