УТРО.мк

ФФМ пресече: Башкими казнет со 4 натпревари на домашен терен без публика и 5.000 евра по хаосот против Струга

ФФМ пресече: Башкими казнет со 4 натпревари на домашен терен без публика и 5.000 евра по хаосот против Струга
Vero

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска донесе строга одлука против Башкими 1947, по инцидентите што го одбележаа дуелот со Струга од 28. коло во Првата лига, одигран изминатиот викенд во Куманово.

Клубот е санкциониран со забрана да ги игра следните четири домашни натпревари пред своја публика, како последица на сериозни организациски пропусти регистрирани на самиот меч. Според образложението, проблемите опфатиле и присуство на неовластени лица во службените зони на стадионот, што дополнително ја нарушило безбедноста и редот на натпреварот.

Освен тоа, комисијата нотирала и неприфатливо однесување кое прераснало во физички инциденти насочени кон фудбалери и претставници на гостинскиот тим.

Покрај спортската санкција, Башкими 1947 ќе мора да плати и парична казна од 5.000 евра, како дополнителна мерка за утврдените прекршувања.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран