УТРО.мк

После срамниот пораз на Реал Мадрид, уште едни лоши вести за клубот и навивачите

После срамниот пораз на Реал Мадрид, уште едни лоши вести за клубот и навивачите
Vero

Реал Мадрид беше елиминиран со убедливи 4-0 во полуфиналето на Светското клупско првенство, а сега стигнаа лоши вести за тимот – Џуд Белингам ќе мора да оди на операција на рамото, што ќе значи долг период на пауза.

Англискиот репрезентативец веќе подолго време се соочува со проблеми со рамото, па беше одлучено да се почека завршувањето на настапот на Реал на Мундијалот пред да биде подложен на хируршки зафат.

Операцијата ќе го одвои Белингам од комплетните подготовки на тимот, како и од првите три месеци од новата сезона во Ла Лига и Лигата на шампионите. Се очекува тој да се врати на терените во ноември.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран