УТРО.мк

Откриена причината за сообраќајната несреќа во која загина познатиот фудбалер

Откриена причината за сообраќајната несреќа во која загина познатиот фудбалер
Vero

Португалскиот фудбалер Диого Жота (28) загина во сообраќајна несреќа во шпанската провинција Замора. Несреќата се случила откако на неговиот автомобил „Ламборџини“ му пукнала гума, по што возилото излетало од автопатот и се запалило.

Со Жота во автомобилот бил и неговиот брат, Андре Силва, кој е две години помлад и исто така загинал во несреќата. Според потврдата од шпанската Цивилна гарда, трагичниот инцидент се случил околу половина час по полноќ додека возеле и престигнувале друго возило.

Диого Жота беше член на Ливерпул од 2020 година, каде што на 182 натпревари постигна 65 голови. Со клубот освои две титули во Премиер лигата, ФА Куп и два пати Лига Куп.

Претходно во кариерата настапуваше за Пакош Фереира, Атлетико Мадрид, Порто и Вулверхемптон. За репрезентацијата на Португалија има 49 настапи и 14 постигнати голови, а двапати беше дел од тимот кој ја освои Лигата на нации.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран