Додека фудбалскиот свет жалува по ненадејната смрт на португалскиот фудбалер Диого Жота (28), се појавуваат нови информации, фотографии и снимки од сообраќајната несреќа во која загинаа тој и неговиот брат.
На најновите видеа, снимени од возач на камион кој прв пристигнал на местото на несреќата, се гледа како пламенот го проголтува скапиот Ламборџини во кој патувале Диого и Андре Жота. За жал, нема спас.
Според прелиминарната истрага, автомобилот на Жота имал дупната гума додека престигнувал друго возило, поради што излетал од патот и се запалил, како што е прикажано во видеото.
„Центарот за итни случаи во Кастиља и Леон доби повеќе повици за сообраќајна несреќа на 65-тиот километар од патот А-52 во општина Чернадиља, Замора. Во несреќата учествувал автомобил кој се запалил. На местото пристигнаа сообраќајната полиција, противпожарната бригада, како и медицински тимови кои ја потврдија смртта на две лица“, соопштија службите за итни случаи.
Шпанските медиуми известуваат дека автомобилот е целосно уништен и непрепознатлив.
Диого Жота остави зад себе сопругата Руте Кардосо, со која се венча само 11 дена пред трагедијата, и нивните три деца.