УТРО.мк

Омерагиќ: Отворањето на ТВ Арена Спорт Македонија е голем чекор за македонскиот фудбал

Омерагиќ: Отворањето на ТВ Арена Спорт Македонија е голем чекор за македонскиот фудбал
Vero

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, го честита отворањето на ТВ Арена Спорт Македонија, оценувајќи дека станува збор за значаен проект кој претставува важен чекор напред за спортската медиумска сцена во земјата.

Тој истакна дека проектот бил најавен минатата година како заедничка цел и дека неговата реализација претставува резултат на посветена работа и координација меѓу инволвираните страни.

Омерагиќ посебно ја нагласи важноста на директните преноси од натпреварите во Прва македонска фудбалска лига, посочувајќи дека тоа е позитивен развој за клубовите, навивачите и целокупната спортска јавност.

„Особено ме радува што натпреварите ќе се емитуваат во директни преноси. Тоа е позитивен чекор за клубовите, навивачите и за спортот во целина“, порача Омерагиќ.

Тој упати честитки до тимот на Arena Sport, посакувајќи им успех во понатамошната работа и истакнувајќи дека новата телевизија ќе придонесе за поголема видливост на македонскиот спорт.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin