УТРО.мк

ФФМ: Казната за Шкендија останува во сила

ФФМ: Казната за Шкендија останува во сила
Vero

Фудбалска федерација на Македонија денес реагираше на соопштението на Шкендија, по најавите дека клубскиот спонзор може да се повлече доколку не се ревидира казната по инцидентите во финалето на Купот на Македонија.

Од ФФМ порачаа дека нема да подлегнат на притисоци и дека правилата важат еднакво за сите.

„Никакви уцени, притисоци или закани нема да ја поколебаат ФФМ во намерата да стави крај на дивеењето на трибините. Почитувањето на противникот, навивачите, законите и државните симболи е обврска за сите“, наведуваат од Федерацијата.

Одлуката следува по казната на Дисциплинската комисија, со која Силекс ја доби Шкендија со 105.000 евра и забрана за настап во Купот следната сезона, по финале кое заврши 1-0 за Силекс и беше обележано со повеќе инциденти.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран