
Балканското џудо првенство за деца до 14 години ќе се одржи во Битола на 6 и 7 јуни, со учество на македонската репрезентација во повеќе тежински категории.
Натпреварите ќе се одвиваат во спортската сала „Боро Чурлевски“, со почеток во 14 часот.
Македонија ќе настапи со младински состав поделен во две групи според деновите на настап.
Во сабота ќе се натпреваруваат машките и женските натпреварувачи од полесните категории. Кај момчињата настапуваат: Матеј Димитриоски и Дамјан Пејоски (-38 кг), Даријан Ночески и Божидар Јуловски (-42 кг), Виктор Стојаноски, Мартин Милошески и Владан Стрезоски (-46 кг), Кристијан Максовиќ, Мунир Ајдиноски и Давид Спироски (-50 кг), како и Марко Лука Ангелов и Карим Идризоски (-55 кг). Кај девојчињата ќе настапат Елдина Пупаловиќ (-32 кг), Матеја Николоска (-36 кг), Јована Стојковска (-44 кг) и Џени Димитријоска (-48 кг).
Во недела на татамито ќе излезат преостанатите натпреварувачи. Во машка конкуренција ќе настапат Јаков Магдески (-60 кг), Кристијан Ристов, Виктор Трчков и Енил Ајдиноски (-66 кг), Лука Трца (-73 кг) и Дејвид Димески (+73 кг). Во женска конкуренција ќе се натпреваруваат Бисера Јовеска (-52 кг), Марина Василеска, Мартина Салви и Елеонора Јосифоска (-57 кг), Езана Јашари (-63 кг), како и Марија Гошевска и Стефанија Спасеска (+63 кг).
Селектор на репрезентацијата за помлади пионери е Марин Билјаноски.















