УТРО.мк

Од Скопје до Силиконската долина: Македонец продаде компанија за неверојатни 400 милиони долари!

Од Скопје до Силиконската долина: Македонец продаде компанија за неверојатни 400 милиони долари!
Vero

„Енвидија“ го купи за 400 милиони долари „Кумо АИ“, мал стартап кој развива основни модели дизајнирани да прават точни деловни предвидувања во кој коосновач и извршен директор е Македонецот Вања Јосифовски. 

Според порталите за технологија и бизнис „Информејшн“ и „Форчун“, „Енвидија“ одбила коментар, а информацијата е потврдена од повеќе извори запознаени со трансакцијата.

Tројцата коосновачи на „Кумо АИ“, Вања Јосифовски, професорот на Стенфорд Јуре Лесковец и Хема Рагаван, поранешна инженеринг директорка на „Линкдин“, минатиот месец преминале во „Енвидија“ според нивните профили на Линкдин, но на веб-страницата на комшанијата нема официјална информација за продажбата.

Скопјанецот Вања Јосифовски, кој повеќе години живее и работи во САД, беше главен директор за тенологија во „Ербиенби“ и „Пинтерест“, а претходно главен истражувач на интернет компанија „Јаху“.

„Енвидија“ е водечка американска мултинационална технолошка компанија специјализирана за дизајнирање и производство на графички процесори, чипови за вештачка интелигенција и хардвер за центри за податоци. Таа е еден од најголемите и најважни двигатели на современата технологија во светот.

Извор: newz24live

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран