
Младиот пејач од Тетово, 25-годишниот Давид Грујевски, продолжува да ги освојува симпатиите на публиката и жирито во регионалното музичко шоу „Хајп Ѕвезди“ (Hype Zvezde), откако обезбеди пласман во полуфиналето на натпреварувањето.
Во четвртфиналната емисија, која се одржа во средата, Давид настапи со легендарната песна „Dodji“ од групата Парни Ваљак, изведба што ја посвети на незаборавниот Аки Рахимовски, еден од најголемите вокали што ги изнедри Македонија и регионот.
Пласманот во полуфиналето доаѓа по серија успешни настапи со кои тетовецот остави силен впечаток кај членовите на жирито. Во претходните емисии тој се претстави со песните „Болиш“ од Мирза Селимовиќ, македонската народна песна „Јовано, Јованке“ и „Као моја мати“ од Здравко Чолиќ.
Неговите настапи беа проследени со пофалби од сите членови на жирито, меѓу кои се и регионалните музички имиња Александар Вуксановиќ – Аца Лукас, Мира Шкориќ, Лепа Луќиќ и Мирослав Илиќ. Со пласманот меѓу најдобрите натпреварувачи во шоуто, Давид Грујевски е чекор поблиску до големото финале, а воедно и продолжува успешно да ја претставува Македонија на една од најгледаните регионални музички сцени за млади таленти.
View this post on InstagramA post shared by HYPE ZVEZDE – Zvuk nove generacije (@hypezvezde)
…















