УТРО.мк

МОН доделува по 600.000 денари за 14 истражувачки проекти

МОН доделува по 600.000 денари за 14 истражувачки проекти
Vero

Четиринаесет заеднички научно-истражувачки проекти меѓу Македонија и Австрија ќе бидат финансирани со по 600.000 денари по проект, а договорите беа потпишани вчера во Скопје од страна на министерката за образование и наука Весна Јаневска и носителите на проектите.

Проектите се избрани по јавен повик објавен во септември минатата година, на кој пристигнале 18 апликации, а 14 биле оценети како подобни за финансирање.

Како што соопшти Министерството за образование и наука, истражувањата опфаќаат области од стратешко значење за развојот, меѓу кои паметно земјоделство и прехранбени технологии со повисока додадена вредност, информатичко-комуникациски технологии, индустрија 4.0, одржливи материјали, паметни згради, енергетски решенија на иднината и туризам.

Најголем дел од одобрените проекти се реализираат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, дел се од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, а по еден проект доаѓа од Меѓународниот балкански универзитет и од Институтот за сеизмички отпорни градби и климатски промени. Според научните области, најзастапени се инженерството и технологијата, следат природно-математичките науки, земјоделските и ветеринарните науки, како и општествените науки.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран