УТРО.мк

Омерагиќ: Националната арена доби ЛЕД екран за современ фудбалски амбиент (ВИДЕО)

Омерагиќ: Националната арена доби ЛЕД екран за современ фудбалски амбиент (ВИДЕО)
Vero

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски амбиент.

„До сега, единствено во Македонија рекламите на стадионите се поставуваа преку дрвени табли. Со оваа инвестиција правиме исчекор кон современите стандарди. Без изнајмување, со јасна визија“, истакна Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ.

Тој додаде дека ова е уште едно исполнето ветување и конкретен чекор кон професионализација на фудбалот во Македонија, како и кон подигање на стандардите кои ги заслужуваат репрезентацијата, публиката и фудбалот во целина.

„Фудбалот е на прво место. Напред Македонија“, порача Омерагиќ, најавувајќи дека ФФМ продолжува со проекти кои го модернизираат спортскиот амбиент во земјата.

Видеото може да го погледнете тука

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран