УТРО.мк

Полицијата одзеде три возила – Ова се причините

Полицијата одзеде три возила – Ова се причините
Vero

На 3 февруари 2026 година, при засилени сообраќајни контроли во Ресен и Кичево, полицијата затекнала тројца возачи како управуваат возила и покрај изречена забрана за управување со моторно возило од Б категорија.

Во Ресен, на улицата „Корчуланска“, полициски службеници запреле патничко возило „мицубиши“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Љ.С. (49) од Битола. Контролата покажала дека возачот имал активна забрана за управување со возило.

Во Кичево, на булеварот „Ослободување“, запрено било патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Г. (26) од селото Белчишта, општина Дебрца, кај кого исто така била констатирана забрана за управување.

Истиот ден, на улицата „11 Септември“ во Кичево, полициските службеници запреле патничко возило „сеат леон“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.М. (42) од селото Лазоровци, кој имал изречени две мерки забрана за управување со моторно возило од Б категорија.

По насоки од јавен обвинител, возилата биле одземени, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран