УТРО.мк

Македонски спортист падна на допинг тестот пред почетокот на ЗОИ

Македонски спортист падна на допинг тестот пред почетокот на ЗОИ
Vero

Македонскиот олимписки комитет (МОК) на денешната прес-конференција го објави списокот на спортисти кои ќе ја претставуваат Македонија на Зимските олимписки игри во Кортина и Милано, но едно име недостасуваше. Мирко Лазарески, првично најавен како дел од олимписката делегација, не се појави пред медиумите, а неговото место ќе го заземе Виктор Петков.

Причината за отсуството на Лазарески е спорна: според официјалната информација од Националната анти-допинг организација (НАДО МКД), алпскиот скијач е суспендиран поради наводно позитивен допинг-тест.

„Врз основа на извештајот од акредитираната лабораторија во Seibersdorf, Австрија, е утврдено присуство на забранети средства во еден од двата примероци на спортистот“, се наведува во соопштението на МОК. Според процедурите на WADA, до конечна потврда на наодот, Лазарески добива временa суспензија, а на негово место, според официјалната рангирана листа на потенцијални кандидати („long list“), се приклучува Виктор Петков.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран