Македонската фудбалска репрезентација денес го одработи последниот тренинг во Казахстан пред утрешниот натпревар од квалификациите за Светското првенство, кој започнува во 16:00 часот по македонско време.
Тренингот го проследија претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Месар Омерагиќ, како и поранешните репрезентативци Илија Најдоски, Горан Пандев и Агим Ибраими. Нивното присуство беше дополнителен поттик за репрезентативците, кои се подготвуваат за клучниот дуел со домаќинот.
Селекторот Благоја Милевски и неговиот стручен штаб ги приведуваат крај тактичките подготовки, со фокус на стабилна дефанзива и брза транзиција, што ќе биде клучно против физички подготвената селекција на Казахстан.
Атмосферата во таборот е позитивна, а вербата во тимот е силна. Македонија утре ќе настапи со јасна цел – да освои три бода и да остане во трка за пласман на Светското првенство.