
Петар Чкламовски, тренер со македонско потекло роден во Австралија, е назначен за нов шеф на стручниот штаб на англискиот Салфорд Сити.
Клубот е во сопственост на легендите на Манчестер Јунајтед, Гери Невил и Дејвид Бекам, а со доаѓањето на Чкламовски се очекува нова насока во спортскиот проект на тимот.
Чкламовски зад себе има богато меѓународно искуство. Работел во повеќе клубови во Јапонија, а неодамна ја водеше и репрезентацијата на Малезија. Претходно беше дел од стручниот штаб на Анге Постекоглу, еден од најуспешните тренери од Австралија во последните години.
Со ова назначување, Чкламовски станува уште едно македонско име во светскиот фудбалски тренерски врв.

















