УТРО.мк

Проданоски: Четири нови возила за „Македонски пошти“ во Прилеп, дел од модернизацијата на поштенските услуги

Проданоски: Четири нови возила за „Македонски пошти“ во Прилеп, дел од модернизацијата на поштенските услуги
Vero

Во Прилеп денеска официјално беа доделени четири нови возила за потребите на подружницата на АД „Македонски пошти“, како дел од процесот на модернизација и унапредување на капацитетите на оваа јавна институција.

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека новите возила ќе овозможат побрза и поефикасна достава на пратките, подобра организација на работните процеси и поквалитетни услуги за граѓаните и компаниите.

Тој посочи дека заедно со генералниот директор на АД „Македонски пошти“ и директорката на прилепската подружница ја нагласиле важноста од континуирани инвестиции во поштенскиот систем, со цел подобрување на јавниот сервис.

Според Проданоски, на државно ниво се обезбедени вкупно 100 нови транспортни возила, кои ќе придонесат за унапредување на поштенските услуги и создавање поефикасен и помодерен систем на работа.

„Македонски пошти“ претставуваат институција од особено значење за граѓаните и стопанството, а секоја инвестиција во нивниот развој и модернизација значи подобри и подостапни услуги за корисниците низ целата држава, нагласи градоначалникот.

Тој упати благодарност до Владата и Министерството за транспорт за поддршката и инвестицијата во модернизацијата на АД „Македонски пошти“, додавајќи дека локалната самоуправа го поздравува секое вложување што придонесува за поефикасни јавни услуги, подобри услови за работа и поквалитетен сервис за граѓаните.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin