Легендата на светската кошарка, Мајкл Џордан, повторно ужива на хрватското крајбрежје. Овојпат беше забележан како шета низ историските улици на Дубровник, во друштво на својата сопруга и пријатели.
Според хрватските медиуми, Џордан претходно ги посетил и Скрадин, Националниот парк Крка и островот Хвар. Интересен детаљ кој го забележуваат локалните извештаи е дека шесткратниот НБА шампион со себе секогаш носи текила – и пие исклучиво од неа.
Ова не е прва посета на кошаркарската икона на Хрватска. Во август 2021 година, Џордан слета со приватен авион на аеродромот во Сплит, по што се качи на луксузната јахта „O’Pari“, вредна 115 милиони долари. Тогаш крстосуваше по јадранското крајбрежје, посети дестинации како Шибеник, Хвар, Дубровник и неколку околни острови.
Истата јахта беше забележана и во Венеција, што предизвика шпекулации на социјалните мрежи дека Џордан можеби ќе присуствува на венчавката на милијардерот Џеф Безос – нешто што сепак не се потврди.