УТРО.мк

Ѓорѓиевски најави незаборавна вечер со 2Bona, Слаткаристика и Next Time во Кисела Вода

Ѓорѓиевски најави незаборавна вечер со 2Bona, Слаткаристика и Next Time во Кисела Вода
Vero

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, ги повика граѓаните вечерва да бидат дел од незаборавен музички спектакл на платото пред салата „Расадник“, каде што ќе настапат 2Bona, Слаткаристика и Next Time.

Настанот започнува во 20:30 часот, а во рамки на прославата на 70 години од постоењето на општината, посетителите ќе уживаат во вечер исполнета со енергија, добра музика и забава што не се пропушта.

„Вечерва не се бројат часови, туку моменти! Не дозволувајте да ви раскажуваат – бидете дел од најдобрата журка во Скопје“, стои во најавата на градоначалникот Ѓорѓиевски.

Овој концерт е дел од манифестацијата „Сѐ на свое место“, со која Кисела Вода продолжува да го слави својот јубилеј на достоинствен и модерен начин.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран