По одличниот старт синоќа, Културното лето 2025 на Општина Кисела Вода продолжува да го збогатува културниот живот со нови музичкидоживувања. Вечерва (петок, 27 јуни), центарот на забавата се сели во Драчево, на просторот кај Крстот, каде од 20:30 часот започнува уште една незаборавна вечер.
На сцената први ќе настапат КУД „Китка“ од Драчево, со кореографии низ кои живеемакедонската фолклорна традиција. Потоа следат настапите на популарните Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски и Огнен Здравковски, додека крајот на вечерта е резервиран за голем концерт на Каролина Гочева, кој започнува во 22:00 часот.
Под слоганот „Се на свое место“, културното лето на Општина Кисела Вода нуди повеќедневна квлитетна и разновидна програма за сите генерации и вкусови.Влезот е слободен. Ги покануваме сите жители на Скопје на добра забава!