УТРО.мк

Коњановски им честиташе на државните прваци во кошарка 3×3

Коњановски им честиташе на државните прваци во кошарка 3×3
Vero

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес организираше свечен прием за учениците од Гимназијата „Јосип Броз Тито“, кои станаа државни прваци во кошарка 3×3 во машка конкуренција.

Во натпревар во кој учествуваа 93 средни училишта од цела Македонија, кошаркарскиот тим составен од Наум Марковски (III⁴), Благојче Димитровски (III²), Лео Созовски (II³) и Благој Тарашовски (II¹) го освои првото место, донесувајќи голема радост и гордост за својата гимназија и родниот град.

Градоначалникот Коњановски лично им честиташе на младите спортисти и им врачи признанија, истакнувајќи дека нивниот успех е доказ дека трудот, дисциплината и тимската работа секогаш се исплатуваат.

„Горди сме на вас. Вашиот успех е мотив повеќе за сите млади во Битола да продолжат да се занимаваат со спорт и да се стремат кон врвни резултати“, изјави Коњановски.

Посебна благодарност беше упатена и до професорот Антонио Трпковски, кој го подготви тимот, како и до директорката на Гимназијата, Лидија Споа, за континуираната поддршка и создавање услови за развој на младите таленти.

Овој триумф на битолските средношколци претставува уште еден доказ за посветеноста на младите и за важноста на спортот во образовниот систем.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран