УТРО.мк

Историска низа: Македонија десет меча без пораз, една година непобедлива

Историска низа: Македонија десет меча без пораз, една година непобедлива
Vero

Македонската фудбалска репрезентација продолжува со одличната форма, совладувајќи ја селекцијата на Казахстан со 1-0 во Астана. Со оваа победа, избраниците на селекторот Благоја Милевски ја заокружија најдолгата серија без пораз во историјата на националниот тим – десет натпревари во низа и точно една година без неуспех.

Последниот пораз Македонија го запиша на 10 јуни 2024 година во пријателски натпревар против Чешка.

Низа на Македонија без пораз:

07.09.2024 – Фарски Острови – Македонија 1-1

10.09.2024 – Македонија – Ерменија 2-0

10.10.2024 – Летонија – Македонија 0-3

13.10.2024 – Ерменија – Македонија 0-2

14.11.2024 – Македонија – Летонија 1-0

17.11.2024 – Македонија – Фарски Острови 1-0

22.03.2025 – Лихтенштајн – Македонија 0-3

25.03.2025 – Македонија – Велс 1-1

06.06.2025 – Македонија – Белгија 1-1

09.06.2025 – Казахстан – Македонија 0-1

Следниот натпревар нашата селекција ќе го одигра во септември, кога во Скопје ќе го пречека тимот на Лихтенштајн.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран