УТРО.мк

Еурофарм Пелистер ја започна сезоната со триумф, го освои Супер купот против Вардар

Еурофарм Пелистер ја започна сезоната со триумф, го освои Супер купот против Вардар
Vero

Екипата на Еурофарм Пелистер вечерва во Кавадарци го освои трофејот во Супер купот, победувајќи го Вардар со тесни 28-27. Натпреварот започна со водство на Пелистер, кое Вардар го израмни, а потоа црвено-црните направија серија од четири гола за предност од 6-10. На полувреме се замина со минимална предност за Вардар, 12-13.

Во второто полувреме Пелистер ја наметна својата игра и во 38.минута поведоа со 17-15. Во последните минути тимот од Битола имаше четири гола предност 26-22, но Вардар успеа да израмни на 27-27 во драматичен финиш. Последниот напад го реализира Хосни, кој со својот осми гол му донесе триумф и трофеј на Еурофарм Пелистер.

За битолскиот тим ова е трет трофеј во Супер купот, додека Вардар има освоено четири, а Алкалоид еднаш се радувал на трофејот лани.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран