УТРО.мк

Белгиската ѕвезда сака да го напушти Светското првенство среде турнирот; причината предизвика жестока расправа

Белгиската ѕвезда сака да го напушти Светското првенство среде турнирот; причината предизвика жестока расправа
Vero

Белгискиот репрезентативец Џереми Доку изјави дека би можел да го напушти Светското првенство среде турнирот за да присуствува на раѓањето на своето прво дете.

Крилниот напаѓач откри дека неговата сопруга Ширин е бремена и дека породувањето се очекува на почетокот на јули, период кога Белгија, доколку се пласира понатаму, би можела да настапува во четвртфиналето на Мундијалот.

„Тоа е моето прво дете и секако дека сакам да бидам таму. Никој не сака да го пропушти раѓањето на своето прво дете“, изјави 24-годишниот фудбалер.

Тој додаде дека е свесен за обврските што ги носи фудбалот, но верува дека Белгискиот фудбалски сојуз ќе има разбирање за неговата одлука.

Неговата изјава предизвика бројни реакции, особено во Франција. Француската новинарка Франс Пјерон остро ја критикуваше неговата намера, оценувајќи дека Светското првенство е сон за секој фудбалер и дека не треба да се пропушта поради таква причина.

Нејзиниот коментар наиде на силни критики на социјалните мрежи, а меѓу оние кои застанаа во одбрана на Доку беше и поранешниот олимписки шампион во бокс, Брахим Аслум.

„Детето е целиот твој живот. Светското првенство трае неколку недели и завршува“, порача Аслум.

По бурните реакции, Пјерон јавно се извини и истакна дека не сакала да ја потцени важноста на улогата на татковците во моментот на раѓањето на детето.

Во меѓувреме, белгискиот фудбалски сојуз соопшти дека Доку ќе го пропушти натпреварот против Иран поради болест. Белгија во првото коло одигра нерешено 1:1 против Египет.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin