УТРО.мк

Во Центар, Бутел и Карпош прекини на електрична енергија

Во Центар, Бутел и Карпош прекини на електрична енергија
Vero

Жителите на неколку скопски општини денеска ќе се соочат со привремени прекини во снабдувањето со електрична енергија поради најавени интервенции во дистрибутивната мрежа на ЕВН Македонија, соопшти Регионален центар за управување со кризи – Скопје.

Најдолг прекин ќе има во општина Центар, каде што од 8:30 до 14:00 часот без струја ќе останат домаќинствата на дел од улицата „Христо Смирненски“, поточно од број 19 па сè до излезот кон булеварот „Партизански Одреди“. Во истиот временски интервал, прекин ќе почувствуваат и деловни и индустриски капацитети во општина Бутел – објектите лоцирани на булеварот „Босна и Херцеговина“, меѓу кои фурната „Диме“, поранешните магацини „Центро“ и поранешната фабрика ИГМ.

Краткотраен, едночасовен прекин е најавен и во општина Карпош. Од 8:40 до 9:40 часот без електрична енергија ќе бидат дел од жителите на улицата „Козле“.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран